4 видови на риби, кои се загадени и кои риби да ги јадеме наместо нив

popara25 април, 20141min00
16

Од нутристионистичка гледна точка, морската храна е одлична. Освен што е полна со здрави протеини, има и здрави масти кои се одлични за вашата коса, нокти и кожа. Но голем недостаток е тоа што морската храна, особено рибата, може да содржи многу жива. Тоа е причината зошто овој тип на риба треба да се избегнува и кои риби да ги јадете, наместо тие.
1 ) Не јадете : Ајкула
Бидејќи ајкулата е на врвот на синџирот на исхрана и се храни со други риби. Така, храната што ја јадеме од ајкула најчесто е веќе загадена со жива, па така ајкулата и нејзиното месо често содржи многу жива.
Наместо тоа јадете: Див лосос
Дивиот лосос содржи многу витамин Д , витамин Б12 , селен, омега-3 масни киселини и е многу вкусен.
Одгледуваните лососи се исто така добри, но дивите се многу поздрави. Сепак, ни со лососот не треба да се претерува , особено ако сте бремени, бидејќи секоја риба може да има жива и во трагови.
2 ) Не јадете : Сабјарка
Оваа риба , како и ајкулите се храни со други риби и се наоѓа на самиот врв на синџирот на исхрана .
Затоа избегнувајте ја, или јадете ја поретко.
Наместо тоа јадете: Сардина
Многу поевтина и повеќе прифатлива опција е сардината, која е исто така е нутриционистичка супер ѕвезда! Најдобро ќе биде да се јадат свежи, но експертите се согласуваат дека и таа од конзерва е одличен извор на омега-3 масни киселини и многу здравиот витамин Д.
3 ) Не јадете : Скуша
Иако оваа риба е наведена како една од поздравите, таа заради својата ненаситност е на заслуженото место “НЕ ” во листата.
Скушата е исто така предатор, и не го избира она што го јаде , а од таму шансата дека таа е полна со жива.
Наместо тоа јадете: Инчуни-мали сардини
Оваа мала риба, која е многу вкусна е совршено добра во салати и тестенини, и содржи многу помалку жива. Не само што тие се полни со масни киселини , богати се со многу железо.
4 ) Не јадете : Свежа Албакор Туна
Правилата поврзани со туната се малку комплицирани. Туната содржи средно ниво на жива, и затоа треба да се избегнува или да се јадат помали порции во текот на една недела. За стекот од туна важи истото правило.
Наместо тоа јадете: Конзервирана туна
Добрата вест е дека сендвичите и салатите со туна се сеуште многу добредојдени. Конзервираната туна нема многу жива, па можете да ја јадете и почесто.