Лек за мрзеливост е поврзување на работата со пријатни чувства

popara25 април, 20141min00
17

Дел од проблемот е во карактерот на детето ама тоа не смее да биде изговор. Не е пожелно да му се кажува на детето дека е мрзливо бидејќи така може да се помири дека тоа е дел од неговиот идентитет.
Ако утрата ви се сведуваат на постојано викање по детето побрзо да се подготви, ако секоја работа морате да ја повторите по три пати и постојано морате да го потсетувате на учење и пишување домачни задачи, многу веројатно дека имате мрзливо дете. Ако се препознавате себеси и своето дете во ова веројатно и наставниците нема да бидат задоволни од неговиот ангажман во училиште, па често ќе слушате реченици како: „не се труди доволно” i „моше ама не сака”.
– Децата од рана возраст се учат на одговорности. Важно е да почувствуваат дека верувате во нив за работи поврзани со извршување на должностите но и задоволство и гордост кога нешто ќе направат. Така ќе бидат повеќе мотивирани и во иднина да си ги исполнуваат обврските на време – кажува магистер по психологија и практичар на терапија низ игра Теа Кнежевиќ.
Таа предупредува дека родителите често грешат па со пофалбата или охрабрувањето ќе „спакуваат” и по некоја критика од типот „гледаш. Конечно го направи тоа. Да го направеше порано сега немаше толку да брзаш”. Децата тоа ќе го примат како критика и ќе го намали нивното задоволство. Затоа е важно да откриете што го мотивира вашето малечко
– Додека се уште мали, децата може да се мотивираат така што извршувањето на некоја работа може да им се презентира како нешто забавно, како игра. Можете, на пример, да се натпреварувате кој повеќе ќе стави играчки во фиоката или на некој друг начин да го направите чистењето забавно – советува психологот.
Секако не е пожелно да му зборувате на детето дека е мрзливо, советуваат експертите, зошто така може детето да се помири дека тоа е дел од неговиот идентитет, па ќе смета дека тоа неможе и не треба да се менува. Многу е важно да се поставуваат јасни граници и така да му се помогне да детето да создаде работни навики.
– за да се мотивираме за нешто можеби ќе помогне ако се наградиме со нешто конкретно. Си кажуваме што ќе направиме ако навреме си ги завршиме сите обврски. Понекогаш за задоволство е доволно покрај списокот на работи кои треба да се завршат да си ставаме плусови, смајли знакчиња или слично за секоја завршена работа. Така можеме да видиме колку сме биле ефикасни. Ама имајте на ум дека позади мрзливоста може да се крие недостаток на самодоверба и успех, недостаток на мотивација, можеби дури и депресија – предупредуваат психолозите..
– Честопати ми доаѓаат деца за кои родителите мислат дека се мрзеливи, а нив всушност ги малтретираат врсниците. Децата константно ги уверуваат дека се различни од другите, па детето губи волја за школо и често станува безволно. Препознајте што му недостасува – охрабрување, мотивација, самодоверба, прифатеност. Често децата изгледаат мрзливи кога се најкреативни – нешто фантазираат, замислуваат или ги одложуваат обврските заради некоја креативна работа. Многу е важно на детето понекогаш да му биде и досадно, од тоа се развиваат креативност и иницијатива – вели еден психолог.