
Кога е во прашање подобар сон, науката се согласува со традицијата, а клиничките испитувања покажуваат дека хмељот, посебно ако е во комбинација со валеријана, го скратува времето потребно да се заспе и го подобрува квалитот на сонот повеќе од некои таблети за спиење.
Традиционално, хмељот се користи за лечење на психички пореметувања, несоница и грчеви во стомакот.
Сите кои имаат проблем со несоница треба да земат 300-600 мг растителен препарат од хмељ и тоа 45 минути пред спиење, а исто ќе помогне и мешавина која содржи валеријана или пасифлора.
Пасифлора цветовите, донекаде, наликуваат на круна од трња па по тоа и е наречена така. Во Европа ја донесле шпанските освојувачи во почетокот на 17 век, а се работи за повеќегодишен т.н ползавец, со потекло од Јужна Америка, која може да порасне и до 8 метри.
Меѓутоа, експертите предупредуваат жените со рак на дојка би требало да го избегнуваат хмељот бидејќи, теоретски, би можел да го покачи нивото на естроген.