Веќе подолго време широките колкови се познати како ” колкови за раѓање”, а сега студијата покажа дека жените со раскошни колкови почесто имаат “врски за една ноќ” и повеќе сексуални партнери во текот на нивниот живот.
Истражувачите за широки колкови ги сметаат оние кои се пошироки од 36cm, а мали се оние кои се помали од 31cm . Да појасниме – се мери растојанието меѓу две карлични коски, јавува Дејли Меил .
Од 148 жени во студијата , помеѓу 18-26 години, секоја од нив имала најмалку еден партнер во минатото и кога го пополнија прашалникот со нивната сексуална историја , и периодот кога тие ја изгубиле невиноста , колкав е бројот на сексуални партнери кои ги имале , и бројот на оние со кои биле емотивно поврзани, покажа дека жените со пошироки колкови имале повеќе необврзни врски.
Професорот Колин Хендри , кој ја предводел студијата , заклучува дека жените со раскошни колкови имаат повеќе сексуални партнери и дека процесот на раѓање е помалку трауматичен за нив отколку за жените со тесни колкови.
” Ширината на колковите кај жените е директно поврзана со потенцијално фатална повреда за време на породувањето . Изгледа дека жените кои имаат контрола над нивната сексуална активност, нивниот ризик помалку се рефлектира во нивното однесување “, додава тој .
” Сексуалната активност на жените, секако, барем малку доаѓа од ширината на колковите . ”
Тој исто така објаснува дека оваа студија е поддржана и од фактот дека кога луѓето научиле да одат исправено, тесните колкови им го олесниле одењето.
Во тој процес, женските колкови се ширеле со цел да се обезбеди полесно породување. Бебињата се раѓаат во фаза на слаб развој од другите примати , заради ова ограничување, и затоа им е потребно повеќе внимание од родителите.