
На мажите отсекогаш им требало повеќе време да ги откријат симпатиите кои ги имаат кон жената и признаат дека им се допаѓа. Но вие веќе денес можете да ги откриете неговите емоции и тоа на неколку начини.
Дека фраерите секогаш биле шкрти на зборови, знаат сите жени кои позади себе имаат барем некое искуство. На нив секогаш им е потребно одредено време да се опуштат и да го разврзат јазикот, за со текот на времето да почнат да ги делат чувствата и емоциите кои ги имаат према жената.
Но за да не чекате на него и неговата потврда дека тој со вас планира озбилно и дека му се допаѓате, откријте го за момент со помош на неколку трикови. Има повеќе знакови кои можат да ви кажатдека се заљувил во вас до уши.
Праќа пораки за добро утро
И за добра ноќ. Мажите тоа не го прават, бидејќи нема многу смисол, но кога се заљубени се има смисол. Пораката која ви ја праќа само за да ви посака убав и пријатен ден или пријатни соништа дефинитивно е показател дека се грижи за вас.
Се јавува на телефон поинаку
Кога ќе те повика и каже „јас сум“, тоа е сигурен знак дека имате посебно место во неговиот живот. Со тоа несвесно покажува дека ве смета за дел од вашрто секојдневие и вие од неговото.
Ве запознава со пријателите
Или е со намера тоа да го направи. Ако му значите нешто, ќе посака да ве запознаат и неговите најдобри пријатели.
Има планови за иднина
Немора да биде тоа далека иднина, но ако покажува дека планира нешто со вас, тоа е сигурен знак дека многу му се допаѓате. Мажите кои не се заљубени секогаш се многу неодредени кога е во прашање иднината.
Сака да ве види и во Петок и во Сабота
Овие денови се резервирани за излегување, но ако е сериозен, овие денови се резервирани само за вас. Мажот кој жртвува ноќ со другарите за ноќ со девојката, дефинитивно е заљубен до уши.