Прилично е вообичаено луѓето кои пазат на здравјето да се одлучуваат за користење на морската сол. Но, таа само наизглед е поздрава и поприродна.
Морската сол содржи 84 минерали повеќе во однос на преработената сол, на која и недостасуваат најголем број од овие минерали. Но кога се ќе се согледа, морската сол не е многу поздрава. Анџела Лемонд пред Академијата за исхрана и диета открила зашто.
ВО ШТО Е РАЗЛИКАТА?
Морската сол е всушност она што името претставува – сол извадена од морето, настаната со испарување на морската вода. Главната разлика меѓу овие две врсти на сол е всушност текстурата. И првата и втората имаат висок процент на натриум, околу 40%. Морската сол содржи малку повеќе минерали, но таа количина е занемарлива.
Постојат неколку врсти на морска сол, на пример, розева од Хималајското море. Дали едната врста е поздрава од другата?
Некои соли содржат повеќе минерали, но за да внесете значајни минерали потребно е во организмот да внесете многу сол. Преку солта добивате повеќе натриум. „The dietary guidelines for Americans“ сметаат дека возрсните треба да внесуваат 2.300 мг натриум дневно, до луѓето со срцеви проблеми, висок крвен притисок или дијабетес кои треба да внесуваат 1.500 мг.
Дали треба морската сол да се внесе во секојдневната исхрана? Зошто да и зошто не?
Поради својата текстура, морската сол има подобар вкус во однос на обичната сол. Поради ова луѓето би можеле да го редуцираат внесувањето на натриум. Поради ова, генералниот совет е во јадењето да се додава што помалку сол. Наместо тоа, да се користат свежи билки, зачини и алтернативи кои го појачуваат вкусот, како лимон или сок од лимет.