Месец дена после победата во големото финале на Икс Фактор македонскиот пејач Даниел Кајмакоски вели дека не добил ни една од ветените награди – ни 10 000 евра, ни автомобил “Мини Купер“ и дека не знае кога тоа ќе се случи.
Даниел вели дека работи на албум кој исто така е дел од неговата награда но дека е неизвесно кога неговиот нов материјал ќе се појави на пазарот.
Од продукцијата одговориле дека парите ќе му ги префрлат на сметка за три дена како и автомобилот.
Требаше да ги добијам наградите и ние финалистите да тргнеме на турнеја…За сега сум тука во Белград и чекам да видам што ќе се случи – вели Даниел.