400 луѓе играле до смрт: Мистериозна болест за која нема лек!

popara19 февруари, 201417min00
13

Епидемијата која се изразува со танцување без престан е редок феномен забележан повеќе пати низ историјата, а еден од најтешките облици се случил во 1518 година во Стразбург. Стотици луѓе играле со денови без престан и така речиси месец дена. Многу умреле од срцев и мозочен удар или едноставно од неспиење и умор.

Првиот забележан случај бил во 7 век и спорадично епидемии избивале се до 17 век. Првиот голем случај бил во 1374 година во Германија, а болеста со танцување подоцна се проширила и во Келн, Стразбург и други градови. Најпознатиот случај бил во Алзас.

Епидемијата почнала во јули 1518 година кога една жена почнала грозничаво да игра низ улиците на Стразбург. Тоа траело неколку дена. После недела дена 34 души играле по улиците без престан и без цел. За месец дена речиси 400 души веќе биле заразени. Никој не може да објасни зошто луѓето играле.

Едни тврдат дека се работи за реална болест, додека другите веруваат дека е во прашање друшвен феномен.

Најпопуларната теорија е дека се работи за труење со ерготом, печурка што се наоѓа во пченицата. Оваа печурка ако се конзумира предизвикува халуцинации. Сепак и оваа теорија до крај не може да го објасни феноменот “танцување до смрт“. Како и да е, епидемијата со танцување е една од најраните примери за масовна хистерија.

Епидемијата со танцување не е најчудната епидемија. Тука е и епидемијата со смеење која се случила во 1962 во едно село во Танзанија. Смеењето започнало во јануари во еден женски интернат. Три девојки почнале неконтролирано да се смејат, така заразно, па набрзо 95 од 159 ученички не можеле да престанат да се смејат. Некои од нив се смееле 16 дена без престан. Епидемијата била толку сериозна што училиштето било затворено во март.

Како што почнала така и завршила епидемијата – 14 училишта биле затворени, а над 1000 луѓе било биле заразени.

Необична била и епидемијата со онесвестување кола се случила на Западниот брег во 1983. Голем број девојчиња се жалеле на вртоглавица и се онесвестувале, а причината за тоа до ден денес не е позната. 943 души биле примени во болница поради истата причина.