Како да направите секој ден да ви започнува и завршува со насмевка …
1. Поврзете се
Со семејството, пријателите, колегите и соседите. Размената на енергија е многу важна за да се чувствуваме добро. Со луѓето со кои се гледате секој ден создадете пријателски односи , за да имате кому да му се доверите, пожалите или со кого да ја споделите среќата.
2. Бидете активни
Одете на прошетка или на трчање. Возете велосипед или ролери. Играјте! Физичката активност ќе прави да се чувствувате подобро . Пронајдете ја активноста која најдобро одговара на вашата состојба , условите и уживајте. Не дозволувајте лошите временски услови, главоболката или нешто друго да ви бидат изговор за да станете активни.
3. Набљудувајте го светот околу вас
Сетете се кога сте биле дете и се што се случувало околу вас го привлекувало вашето внимание и предизвикало љубопитност. Додека одите на работа, шетате или сте на кафе со пријателите, немојте да се фокусирате само на она што работите, погледнете наоколу и забележете ја прекрасната боја на листовите во есен или невообичаено убав изглед на небото на зајдисонце. Научете да уживате во моментот и збогатете го вашиот дух.
4. Учете
Обиди се со нешто ново! Запишете се на курс од вајарство, кој долго време го планирате, а постојано го одлагате. Не плашете се да експериментирате во кујната кога готвите. Излезете во клубот во кој никогаш не сте биле или пробајте да го поправите велосипедот. И што и да ви дојде на ум, обидете се да го направите , нема ништо да изгубите.
5. Помагајте
Направете нешто убаво за некој пријател или странец на кој му е потребна помош. Ако имате време и можност, волонтирајте во добротворна организација. Одвојте ја старата облека и подарете ја во домот за напуштени деца. Кога ќе видите премрзнато куче на улица, не вртете ја вашата глава, туку помогнете му, нахранете го и ако можете однесете го на безбедно. Со помагањето на оние на кои им е потребна помош – си помагаме себеси.