
Вага
1. Имам потреба да љубам!
2. Не е важно што тврдиш ти, јас секогаш ќе го тврдам спротивното!
3. Светот е преполн со глупави и неспособни луѓе. Јас не сум дел од нив!
4. Се што правиме треба да има континуитет!
5. Можеби не знам што сакам, но барем знам, дека го сакам!
6. Постојано се двоумам, но само кажи ми какви ти се проблемите, и јас веднаш ќе ти ги решам.
7. И во најголемиот хаос има некаква логика!
Шкорпија
1. Мојот гнев е како ајкула – ретко излегува на површина, но кога ќе излезе, парчосува!
2. Можеш да се ослободиш од се, но не и од сопствените страсти!
3. Во љубовта и војната нема правила!
4. Штом не е мое, нема да биде и на никого!
5. Проверката е висока форма на доверба.
6. Ако сакаш да ме добиеш, најпрво дај ми причина.
7. И розата има трње, но сепак останува да биде најубавиот цвет!
Стрелец
1. Не е важен резултатот, важно е дека намерите биле добри.
2. Гафот не е гаф, ако никој друг не знае за него.
3. Нема причина било кој да ми биде лут.
4. Каење? Што по ѓаволите е тоа?
5. Да се грижиш претходно е глупаво. Прво проучија ја ситуацијата.
6. Денес може да те сакам до болка, но утре може да ми биде сеедно за тебе.
7. На крајот на краиштата, животот е една голема журка!
Јарец
1. И кога е сам, војникот е војник!
2. Пријатно ми е да зборувам за далечни дестинации, додека си седам дома.
3. Животот е еден маратон, во кој јас треба да трчам прв.
4. Љубов? Љубов има помеѓу деца и родители, се останато е договор и взаимна корист.
5. Романтиката е за обичните луѓе!
6. Најголемата грешка ќе ти биде ако ми го повредиш семејството!
7. Што е твое ќе си дојде, времето носи се!
Водолија
1. Пеколно досадно е да се биде како останатите!
2. Само глупаците се подчинуваат на традиции.
3. Секс? Во животот има многу поубави работи за правење.
4. Најважно е да имаш пријатели. За врски, брак и деца секогаш има време.
5. Тешко е да се биде ангел, но некој сепак мора, нели?
6. Тоа што не ме разбираш е само твој проблем.
7. Мислиш дека сум наивен и кроток човек? Значи никогаш не си се скарал со мене!
Риби
1. Не оставај го за утре она, што можеш да го завршиш задутре!
2. Никој не може да ти го даде она, што јас можам да ти го ветам.
3. Сите знаат дека нешто правам, но малку се оние кои точно знаат што правам.
4. Спремна сум да ги разберам сите, само не и себеси.
5. Никогаш не ми врши притисок! Многу брзо ќе ми го видиш грбот.
6. Таму каде што нема романтика, таму нема ни живот.
7. Ако не веруваш на своите соништа, нема како да ти се остварат!