81-годишен тајкун се ожени со 24-годишна девојка

21 септември, 20140
3

81-годишниот градски тајкун, кој своевремено ја „изнајми“ Ким Кардашијан, се ожени со 24-годишната Кети Шмиц и се надева дека петтиот брак ќе потрае.

Ексцентричниот милијардер Ричард Лугнер повторно се ожени, но овој пат со 57 години помлада Плејбој зајачица.

„Се надевам дека овој пат тоа е тоа. Освен големата разлика, во се останато се сложуваме,“ изјавил.

Од возење со кочија, до венчање во палата, 81-годишниот Лугнер на својата поубава половина и приреди свадба од бајките.

„Не планиравме да се заљубиме еден во друг. Едноставно се случи. Љубовта не познава граници,“ изјавила младата.

Инаку, врвниот милијардер е познат по тоа што ги „изнајмува“ најубавите жени во светот како придружба за традиционалниот Виенски бал, во кои спаѓаат Ракел Велч, Памела Андерсон, Парис Хилтон и Ким Кардашијан.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *