
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија денес даде дозвола на друштвото за уравување со фондови КД Фондови АД Скопје за формирање на нов отворен инвестициски фонд, КД ТОП БРЕНДОВИ.
КД ТОП БРЕНДОВИ е глобален инвестициски фонд, чија примарна цел е да се постигне сигурен и долгорочен раст на вредноста, врз основа на капитални добивки и стабилна дивидендна политика која ја имаат светските топ компании. Преку глобалната инвестициска стратегија средствата ќе се инвестираат во акции на компании кои работат со најсилните светски брендови.
Фондот е наменет за инвеститори со среднорочен или долгорочен инвестициски хоризонтот и умерено ниво на толеранција на ризик, кои веруваат во идниот развој на глобалните “Blue chip” компании и сакаат надпросечен износ на дивиденти.
Инвеститори во фондот може да бидат физички и правни лица.
Друштвото за управување со фондови КД Фондови е дел од Словенечката групација KD Skladi, Љубљана и е присутно на Македонскиот пазар од почетокот на 2008 година. КД ТОП БРЕНДОВИ е четвртиот фонд со кој друштвото управува и со тоа КД Фондови прераснува во лидер на Македонскиот пазар на капитал.