
Екипата која стои зад иницијативата одлучила да направи експеримент во склоп на својата кампања “Насилството е насилство“. Снимиле видео кое ќе ве натера да се замислите. Младиот пар (станува збор за актери) започнале да се расправаат во еден парк во Лондон и полека работите излегле од контрола.
Случајните минувачи веднаш забележале што се случува и се обиделе да помогнат или пак рекле дека ќе повикаат полиција. Ова е во сцената кога дечкото ја злоставува девојката.
Во обратниот случај луѓето не реагирале како во првото сценарио.
Наместо да помагаат, луѓето се смееле.
Погледнете го видеото:
httpv://www.youtube.com/watch?v=u3PgH86OyEM