Ако се откажеш поради зимата ќе го испуштиш ветувањето на пролетта

popara10 мај, 20141min00
2

Еднаш еден татко на четворица возрасни синови сакал да ги научи своите деца да не судат премногу брзо, па затоа ги испратил сите четворица на едно патување, но во различни периоди од годината.

Таткото побарал од своите синови да отидат до една круша која била далеку од нивниот град.

Најстариот син отишол во зима, вториот во пролет, третиот во лето, а најмалиот во есен.

Кога сите се вратиле од патувањето таткото ги седнал четворицата и ги прашал како им изгледало дрвото.

Првиот син одговорил дека дрвото било суво, искривено и празно. Вториот рекол: „Не, беше прекриено со пупки и ветуваше многу“
Третиот се побунил: „ Не, беше расцветано и мирисаше и изгледаше преубаво, тоа беше најубавото нешто што сум го видел“

Најмалиот син пак рекол: „Не, беше полно со зрели плодови. Изгледаше дека е полно со живот“

Потоа таткото им објаснил дека сите биле во право, бидејќи сите биле кај дрвото во различни годишни времиња.

Поради тоа додал дека не може да судиме нешто или некого, само поради една сезона од неговиот живот.

Убавината, радоста, љубовта во животот можат да се измерат само на крајот, кога ќе завршат сите годишни времиња.
Ако се откажеш поради зимата ќе го испуштиш ветувањето на пролетта, убавината на летото и исполнувањето на есента.
Не суди го животот според една тешка сезона. Не дозволувај болката од една сезона да ја уништи радоста на останатите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag