Светската глумица Анџелина Џоли која во Австралија го снима својот втор режисерски филм „Unbroken” се зближи со неодоливиот фитнес тренер Лук Хајнс. Згодното момче е толку обседнато со Енџи што веќе се шпекулира дека се во врска.
-Таа е најпрофесионалната и најприземјената личност која ја познавам. Кога е со вас секогаш е присутна. Никогаш не телефонира и не гледа преку вашето рамо- Рече Хајнс, кој ги потврди сомнежите дека тој и Анџелина се зближиле додека вежбаат.
Анџелина тренира, а Бред Пит во Британија го снима филмот „Фурија”. Додека се чекаат неговите реакции австралијанецот неможе да ги сокрие своеите имресии од Џоли. – Секогаш запознавате луѓе кои се окупирани од самите себе. Убаво е кога до вас имате луѓе кои се добри- порача Хајнс и откри уште еден детал. Дека помеѓу тренинзите тој и глумицата пиеле чај, а Анџелина му рекла: „ Знаеш ли какви луѓе барам? Оние кои стануваат секое утро и се прашуваат што може даа направат за некој друг”