
Анџелина Џоли ја шокираше јавноста со изјавите дека во иднина сака да се фокусира на режија и продукција и дека во иднина нема да глуми.
Актерството не ми е приоритет. Имав прекрасна кариера и среќна сум што ја имав шансата олку долго да го работам тоа што го сакам. Верувам дека ќе се појавам уште во неколку филмови до крајот на својата кариера, но планирам повеќе да се посветам на режирањето и продукцијата, како и на работата за Обединетите Нации и борбата против сексуалното насилство.Иако изминатата седмица се појави информација дека Анџелина после повеќе од 10 години од филмот Mr & Mrs Smith повторно ќе се појави во филм со својот свршеник Бред Пит, актерката ниту ги потврди, ниту ги демантираше приказните и прокоментира дека двајцата се уште размислуваат дали да го прифатат овој проект.