„Дневни аваз” објави дека Хејг и Џоли ќе учествуваат на конференција посветена на борбата против сексуалното злоставување на жените во воените судири, во организација на Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина и амбасадата на Велика Британија во БиХ.
На конференцијата учество ќе земат и шефовите на дипломатии на Австрија, Унгарија и Хрватска.
Џоли и Хејг, како што е најавено, ќе ја посетат Сребреница.