Анџелина Џоли стана дизајнер на чевли

popara11 август, 20141min00
obuvki

Убавите, но и чудни чевли кои Анџелина Џоли ги носеше за време на рекламната кампања пред премиерата на новиот филм “Господарката на злото”, ќе бидат пуштени во продажба.

Чевлите се креација на дизајнерот Кристијан Луботин, но во нивното создавање голема заслуга имала Анџелина, која црпи инспирација од нејзиниот лик Господарката на злото.

“Возбудливо е да работиш со некого кој има толку силно чувство за естетика и силен карактер. Една од најдобрите работи кои неодамна ми се случувале, е дека во процесот на работа запознав Анџелина”, вели дизајнерот Луботин.

Колекцијата која го носи името Malangeli, е создадена за да изгледа како од  чевлите да излегува чад. Моделот веќе е достапен и може да се нарача однапред во црна или црвена боја во пет бутици на Кристијан Луботин во Њујорк, Калифорнија, Лондон, Хонг Конг и Париз.

Цената на еден пар чевли Malangeli е 1495 долари, а средствата од продажбата ќе бидат донирани за SOS Детските населби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag