
“Енџи знае дека Бред не сака повеќе деца, но одлучила да замрзне јајца за да ги користи кога ќе дојде време. Таа ќе ужива да го зголеми своето семејство”, изјави пријателка на актерката.
“Ова е неверојатно. Таа собира сили за следната операција и продолжува да го планира следното дете”, рече истиот извор.
Според изданието “Star” актерката не сака да раѓа повеќе, но ако дојде моментот за уште едно дете, ќе најде сурогат мајка.
Џоли и Пит имаат шест деца, три од нив се биолошки потомци на парот.