Српската полиција го уапси З.Л. (1979) од Мал Зворник. Се сомневаат дека осомничениот лажно се претставувал на Фејсбук за да уценува малолетнички и деца.
Осомничениот се претставувал како Никола Ивановиќ, а со жртвите стапувал во контакт за да, откако ќе стекнат доверба, да им побара разголени фотографии. Девојките ги терал преку веб-камера да изведуваат експлицитни порнографски претстави кои му служеле за самозадоволување. Доколку би го одбиле, ги уценувал и им се заканувал дека ќе им ги покаже разголените фотографии на нивните родители и познаници.
Полицијата соопштила дека снимките од нивните порнографски претстави и разголените фотографии ги чувал во својот мобилен телефон, а преку својот лажен профил на Фејсбук ги продавал.
Вака изгледал неговиот лажен профил:
Погледнете како изгледало апсењето на педофилот:
httpv://www.youtube.com/watch?v=cqSGPQv16jA