
Австријските експерти работат на расветлување на тајната историја во Горна Австрија каде се претпоставува дека во подземни тунели нацистите наводно работеле на атомска бомба.
Станува збор за подземни тунели каде наводно научниците биле приморани да измислат “чудотворно“ оружје за Адолф Хитлер. Властите сакаат да знаат дали постои опасност за жителите и дали под површината на земјата се наоѓаат радиоактивни ракети.
