Непознат маж оставил бебе на хауба на автомобил во центарот на Скопје. Случајот во полиција го пријавил случаен минувач.
Според информациите на полицијата, бебето било оставено на автомобил на ул. „Никола Вапцаров”, а детето било префрлено на Детска клиника.