На видеото објавено на српски Телеграф јасно се гледа како Миливој Јовановиќ се обидува да силува млада девојка, во моментите кога таа ја отклучува влезната врата за да си оди дома. Настанот бил забележан од безбедносна камера.
Миливој Јовановиќ (28) од Белград, бил уапсен откако во понеделник околу 20 часот се обидел да ја силува младата П.М. исто од Белград. Најпрвин тој се обидел девојчето да го пикне во влезот, но бидејќи таа започнала да вриска, тој побегнал.
Дека тоа не е негов прв случај на сексуален напад сведочи видеото објавено на српски Телеграф.
На видеото јасно се гледа како осомничениот ја чека младата девојка пред нејзиниот влез, со цел да ја пикне и силува во влезот, во моментите кога таа ја отклучува влезната врата.
По неговото апсење, на Јовановиќ му бил одреден притвор од 48 часа каде бил изведен пред истражен судија со кривична пријава за сексуален напад.