Сигурни сме дека во вашиот ормар се наоѓа барем едно парче бел деним кое максимално го користите и комбинирате. Доколку сакате класичен стил, комбинирајте ги со лежерна комбинација. Со бели фармерки одлично одат тропски мотиви, а бело од глава до пети со впечатливи модни детали е проверен летен изглед кој со леснотија ќе го износите. За подетална инспирација ви предлагаме неколку одлични стајлинзи на светските трендсетерки кои не натераа да го облечеме нашиот омилен пар бели панталони.