
Јужноафриканецот Кевин Ричардсон е исто така познат по прекарот Шептачот на лавовите, а кога ќе го видите ова видео ќе разберете зошто е наречен така. Тој со нив, многу добро се разбира.
Овој психолог и зоолог со овие мачки дури и спие , а сè уште никој не успеал целосно да објасни како му успева да постигне толку блиски односи со нив.
Ричардсон првпат имал можност да работи со лавовите , на 23 години (сега има 39), а во меѓувреме успева да се зближи и со гепарди, леопарди и хиени.
Сепак, лавовите се неговите најомилени, а вели дека работата со нив нема некакви правила, но дека се уште се потпира на својата интуиција.
Постои само едно правило , работи само со оние мачиња кои ги запознал додека тие биле се уште малечки.
Имајте на ум, дека тоа не значи дека никогаш не го нападнале, напротив , има многу такви случаи , но досега од инцидентите главно поминал само со гребнатинки.
Неговиот однос со овие елегантни животни го демонстрира во рекламата на Ван Гилс, официјалниот кројач на холандската репрезентација, па ја искористи можноста уште еднаш да покаже дека човекот ги загрозува животните.
Всушност, нивната популација само за петнаесетина години опадна од 350 на 25 илјади !
httpv://www.youtube.com/watch?v=JpyR-Ym7Hck