
Утре „Вашингтон пост” ќе објави за љубовната врска меѓу Обама и Бијонсе.
– Во САД се случува нешто неверојатно. Утре „Вашингтон пост” ќе објави за наводната врска меѓу Обама и Бијонсе, наведе Ростен, еден од водечките папараци во Франција.
Ростен е автор на првите фотографии за врската меѓу Сесилија Саркози и бизнисменот Ришар Атиас, кога таа се уште беше сопруга на Никола Саркози, кога беше министер.
Ростен е автор и на првите фотографии на незаконската ќерка на францускиот претседател Франсоа Митеран, Мазарин, кои се појавија во 1994 година.

