
Шимпанзото Вунда била на чекор од смртта кога активистите од Гудал институтот ја нашле.

За неа се грижеле и ден и ноќ. Не денови и месеци, туку години. Многу било потребно за оваа женка да се опорави со цел да може повторно да биде пуштена во дивина.
httpv://www.youtube.com/watch?v=YzC7MfCtkzo
Страдала од неколку болести, многу брзо губела тежина…Тоа било трка со времето.

После голема борба дошол и денот кога Вунда била здрава и спремна да се врати во својата природна средина.

Пред да зачекори во длабоката зелена шума, Вунда решила да се заблагодари за големата љубов и вниманието на активистите кои ја спасиле.

Се приближила лично до Џејн Гудал и ја прегрнала силно…Целата своја благодарност ја изразила со една топла прегратка…


И тогаш конечно заминала дома…
