
Маја е само една од многуте девојки во Венецуела кои сонуваат за тоа да станат мис на оваа земја, па вградила пластична мрежа на јазикот која онемозвожува да се јаде цврста храна бидејќи при тоа има големи болки.
Маја е подготвена на се за да го исполни својот сон. На свои 18 години потрошила 7 000 долари за операција на носот, зголемување на градите и поставување пластична мрежа на јазикот за да не може да јаде цврста храна.
Поради тоа јаде само течна храна што и помага да слабее и да не накачува килограми.
Таа е свесна дека живее во земјата каде можеби има најголем број девојки кои се натпреваруваат да станат мис на Венецуела. Затоа е и спремна на се за да ја освои победата.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Q83AYZOQhHI