
Холивудската двојка одлучила да истетовира иста тетоважа, на ист дел од телото за да го означат долгоочекуваното венчавање.
Бред и Анџелина одбиваа да ја озаконат својата врска пред тоа да им се овозможи и на двојките од сексуалните малцинства. Со оглед на тоа дека американскиот Врховен суд минатата година одлучи дека забраната на истополови бракови е противуставна, за свадбата на Бранџелина не престанува да се зборува, иако тие се уште не го одредиле датумот.
– Бред се однесува како тинејџер кога е со Анџелина. Одлучија да направат исти тетоважи, изјави извор близок до двојката и додаде дека тие заедно ќе одлучат за дизајнот на тетоважите, кои сигурно ќе ги истетовираат на место кое нема да биде видливо за јавноста.