Гвинет и Крис сите работи ги правеле одвоено веќе долго време. Некои извори тврдат дека тие имале „отворен брак” и дека не им пречеле взаемните изневерувања.
„Таа никогаш не била љубоморна или територијална. Нејзината филозофија е дека се возрасни луѓе и дека донесуваат сопствени одлуки”, изјавил изворот.
Според истите извори, Мартин ја изневерувал Гвинет со Кејт Босфорт и со Хелена Кристенсен, па дури и со нејзината поранешна најдобра пријателка Кејт Хадсон, додека глумицата ја поврзувале со милионерот Џефри Софер, режисерот Бред Фалчук и со адвокатот Кевин Јорн.