Група млади архитекти пред точно 4 години започнале со проектирање и реализација на одморалиште во чиј склоп функционираат 36 бунгалови. Одморалиштето се наоѓа во Као Лак, Тајланд. Бунгаловите имаат форма на правоаголник, подигнати се од камен и секој од нив има голем прозор кој овозможува прекрасен поглед кон плажата и океанското синило. Луксузот е надополнет со базени, удобни лежалки и високи тропски палми.