Суташ ќе ја намали невработеноста во Македонија преку стручна обука

14 октомври, 20140
0101

Претставниците на Министерството за труд и социјална политика на Македонија и
УНДП (Програма за развој на Обединетите Нации) ја посетија фабриката на Суташ со
цел да се запознаат со стручната обука што се спроведува таму, а која може да се
примени како модел за намалување на невработеноста и во Македонија.
Тие ја поканија компанијата да ја развие истата едукативна програма и во земјава.
По добиената покана од Министерството за труд и социјална политика, Суташ одлучи и
во Македонија да отпочне со оваа едукативна програма, која бесплатно ја применува
во сите региони каде што има производни погони.
Стручната обука на Суташ се очекува да биде потпомогната и од страна на Фондот за
намалување на невработеноста, кој ЕЗ ќе ѝ го додели на Македонија, а ќе придонесе
да се зголеми ефикасноста во производството на квалитетно млеко.
Едукативната програма на Суташ, која УНДП ја посочува како пример, во Турција се
спроведува бесплатно и непрекинато, почнувајќи од 1998 година.
Од тогаш, па сѐ досега во едукативните центри со сертификати за стручна погодност се
здобиле 16 илјади производители на млеко, а 26 илјади производители и
претприемачи добиле бесплатни консултациски услуги од страна на Суташ.
Едукативната програма која ја применува Суташ во областите „Млечно сточарство“ и
„Млечни технологии“ се состои од четиридневна теоретска и практична обука.
Оваа програма за обука на кадри од млечниот сектор, која Суташ ја реализира во
соработка со Министерството за земјоделие и сточарство и универзитетите од Турција,
е прв и единствен пример во турската индустрија на млечно производство.
Со неа производителите, претприемачите и учениците се обучуваат во областа на
млечното сточарство, природното производство на храна и ефикасно производство на
млеко.

Заменик претседателот на Управниот одбор на Суташ, г. Тарик Тезел, истакна дека
моделот „Од трева до трпеза“ кој Суташ го применува во производство на млеко е
гаранција на природниот вкус и квалитет.
„Едукативната програма која ја престставува сржта на моделот ’Од трева до трпеза‘ на
Суташ, а која во скоро време ќе почнеме да ја применуваме и во Македонија, ќе
придонесе да се зголеми ефикасноста и квалитетот во производството на сурово
млеко. Обучувањето на стручни кадри за потребите на секторот ќе влијае и врз
развојот на економската ситуација во Македонија и ќе го намали увозот на сурово
млеко од странство. Со обучувањето на стручни кадри ќе се зголеми и вработеноста во
областа на земјоделството и ќе се обезбеди непрекинат економски развој на земјата.
Среќни сме што ќе ја започнеме едукативната програма на Суташ и во Македонија“
рече Тезел.
„Според истражувањето на независната истражувачка агенција „Sia-İnsight“, 69
проценти од производителите кои ја поминале бесплатната обука на Суташ успеале да
го подобрат производството на млеко, додека 99 проценти од производителите
изразиле желба за продолжување со обука во р амки н а оваа едукативна програма“,
изјави Тезел.

„Истиот успех со едукативната програма би сакале да го постигнеме и во Македонија“,
додаде тој.
Стручната едукативна програма на Суташ во 2014 година доби две награди, за
„Најдобар проект од општествен карактер“ на натпреварот за „Најдобра светска
иновативна програма“ и за “Најдобар проект од општествен карактер во Европа“,
доделена од страна на Stevie International Business Awards.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi