Цеца: Јаките и способни мажи сигурно не ги одбивам! Гладна сум за љубов!

popara4 април, 20141min00
ceca

– Живеам мирен и повлечен живот и тоа не е никаков стереотип или фолирање. На тој начин не си ускратувам себе си ништо бидејќи љубовта не се бара, таа те наоѓа кога треба. Пријателите со мене се шегуваат дека дома го чекам вистинскиот. Не скитам по градот бидејќи не сакам да излегувам без повод, така што потенцијалните додворувачи немаат многу шанси да ми пријдат. Некои веројатно со тоа ги одбивам, но јаките и способни мажи сигурно не. Себе си не се доживувам како недостижна бидејќи и јас, како и другите жени, сум ранлива и гладна за љубов, но професијата создава поинаква перцепција за мене. И во такви околности немам малку додворувачи – вели Ражнатовиќ во интервју за Блиц.

Таа вели дека на додворувачите не им дава лажна надеж бидејќи сака фер односи во секоја комуникација.

– Мажите веднаш со мене знаат на што се. Јас не ги „стартувам”, мислам дека тие треба да освојуваат и да се трудат околу дамата. Ако ми се допадне некој директна сум и тука нема дилема, а ако не ми се допадне не давам лажна надеж, бидејќи сакам фер односи во секоја комуникација. Мојот манир не е да бидам груба, дрска и непријатна па колку и да не ми се допаѓа некој, но веднаш се гледа дали додворувањето ми годи или не – вели Цеца.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag