
Светлана Ражњатовиќ е толерантна мајка и има разбирање за својот син.
„Противник сум на тетоважите, но ако мојот син сака да личи на Гуштер, слободно тоа нека го направи. Што да му правам, мене многу работи не ми се допаѓаат, но во нашата куќа владее демократија. Ги почитувам неговите одлуки.“- рекла Цеца во една емисија.
Пеачката додала дека Вељко многу очекува од полнолетството и дека со нетрпение го чека роденденот во декември.
„Моите деца последниве пет години се припремаат за полнолетство. Веруваат дека тоа ќе им го промени животот. И јас така размислував на нивна возраст, но кога дојде тој ден, сватив дека најдобро ми е кај мама и тато“, одговори таа.
