Цеца Ражнатовиќ се огласила по повод веридбата на нејзинот син Вељко и Маша. Фолк дивата која заедно со својот син се појавила на роденденот на креаторот Саша Видиќ, изјавила дека Маша е прекрасна девојка.
“Сите ја сакаме Маша, таа е многу мила и едноставна. Едноставно не можеш да не ја сакаш“ – изјавила Цеца.
Вељко Ражнатовиќ деновиве беше во центарот на медиумското внимание. Синот на Цеца неодамна го истетовира и името на сестрата на Цеца , Лидија и пред да го направи тоа, се консултирал со неговата мајка.