На српската телевизија Пинк мега популарната балканска ѕвезда Цеца, искочи во бел фустан кој многу наликува на венчаница.
Ова беше доволно за српските медиуми да напишат дека Цеца најавува или дури порачува што следува.
Иако по смртта на нејзиниот сопруг Цеца никогаш не е видена со друг маж, и секогаш кога била прашана за нејзиниот љубовен живот таа изјавуваше дека емотивно е неисполнета, на социјалните мрежи реакциите се дека сето тоа сега е променето.
Коментар на целава прикзна од Цеца засега нема, па ќе мора да почекаме да видиме дали Цеца повторно ја најде љубовта или фустанот случајно потсетува на венчаница.