Чарли Шин никогаш нема да разочара! Мајстор за дебакли! Забави,алкохол, порно ѕвезди!

popara7 март, 20141min00
article-2573959-1C0A460900000578-711_634x356

Чарли Шин е познат по своето проблематично однесување, а според изјавите на очевидците и фотографиите се гледа дека мошне лудувал додека престојувал со порно глумицата, која сега е и негова свршеница во монденското летувалиште.
Деталите од лудориите на Чарли се овековечени и со фотографии. На своите страни британскиот „Дејли мејл” објавил фотографии на кои Чарли Шин се тетовира во хотелската соба во која престојувал, а тогаш бил во нималку репрезентативно издание.
Освен што консумирал таблети Викодин и алкохол, глумецот со дланката го разбил ѕидот па се потпишал над дупката која што ја направил.
Чарли во хотелската соба во која отседнал во порно глумицата Брет Роси го повикал локалниот мајстор за тетоважи и неговите пријатели.
– На масата имаше шише вотка, цигари, Викодин…Зеде неколку таблети и ги испи со вотката. За време на тетоважата испи уште таблети, а тогаш одеднаш без предупредување со дланката удри во ѕид и направи дупка. Подоцна се потпиша над дупката – раскажал извор на „РадарОнлајн”.
Чарли Шин не запрел тука, туку станал уште поразуздан и се соблекол по гаќи и комплетно се „откачил”.

article-2573959-1C0A461A00000578-468_634x496

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *