
Чарли Шин се налутил на Ријана бидејќи не сакала да се запознае со неговата девојка, па затоа ја нарекол “селски идиот“.
Шин го славел роденденот на својата девојка Брет Роси во Санта Моника. Забележале дека во истиот клуб се наоѓа и Ријана. Роси била голем фан на Ријана, па затоа Шин ја замолил келнерката да и пренесе на пејачката дека Роси сака да се запознае со неа. Но Ријана откажала.
Својот гнев Шин го изразил преку Твитер: Прекрасен впечаток остави, нема што! Жалам што не сме доволно кул за да добиеме благослов од Принцезата (или во случајот Селскиот идиот). Шин се пошегувал и со розовата коса на Ријана: Денот на вештерките одамна помина, но добро е да го тестираш костимот уште од сега на јавно место.