Честопати ви се случило вашиот прв состанок со девојка да е и последниот? Не знаете каде лежи проблемот.
Еве некоколку корисни совети со кои ќе го најдете патот кон успехот.
1. Изгледајте пристојно
Од самиот старт треба малку да се потрудите околу вашиот изглед, односно како ќе се појавите пред девојката со која излегувате. По никоја цена не смеете да се појавите со дамки од храна на облеката. На жените исклучително важна им е облеката, па пробајте да набавите нов пар панталони или чевли.
2. Комуницирајте
За време на состанокот мажите најчесто или постојано зборуваат или молчат, но ниту една од овие варијанти не е таа која ви треба. Комуницирајте со вашата партнерка, прашајте ја со што се занимава, што сака, кои и се амбициите и сл.
3. Изоставете ги вашите опсесии
Немојте да ја малтретирате девојката со сите податоци што ги знаете, од типот на составот на тимот на вашиот омилен фудбалски клуб и сл.
4. Кои се вашите планови
Дали сакате партнерка за цел живот или неколку месеци забава? Одлучете се што сакате и бидете искрени и кажете и. Секако дека не ве советуваме првата реченица да ви биде дека сакате деца!
5. Одберете две локации
Првото нека биде местото каде ќе ја запознаете својата потенцијална партнерка а второто е местото каде што ќе ја однесете. Доколку знаете да танцувате не срамете се да ја однесете на некое позабавно место.
6. Бидете трпеливи
Немојте да бидете нападни, не очекувајте љубов на прв поглед ништо не правете пребрзо. Бидете трпеливи и се ќе биде во ред.