Да, насловов звучи како некоја луда равенка, но според најновите истражувања сето ова е поврзано, освен прашалникот кој е нашиот коментар на оваа чудна нишка.
Дали киваме бидејќи сме настинати или бидејќи сме возбудени? Експертите сметаат дека постои врска помеѓу кивањето и желбата за секс.
Британски експерти открија дека луѓето киваат, кога во главата имаат еротски мисли или кога се сексуално возбудени.
Според експертите носот може да реагира при сексуални тензии. Во практиката на психологот Харолд Максвел, била спроведена студијата, при која се докажало дека има и случаи на пациентки кои имаат неконтролирано кивање секогаш кога ќе помислат на секс.
Некои луѓе го споредуваат кивањето со оргазам, но очигледно постои некоја поврзаност, која што иако чудна – постои.Овие два феномена можат понекогаш да бидат причина една на друга. Иако, звучи како една добра анегдота, зар не? Како и да е, истражувачите дошле до заклучок дека постојат и мажи и жени кои киваат кога се сексуално возбудени. Ова најверојатно се случува како последица на „спој“ во нервниот систем, велат истражувачите.
Имено, и во носот како во генеталиите, постои ерективно ткиво. Така кај некој луѓе се случува да им се затне носот (да набубри внатрешноста) во текот на секс, а оваа состојба романтично се нарекува „Меден месец кивавица“.
Што се однесува до гласноста и звуците што се произведуваат во текот на кивањето, на тоа одговорот е едноставен: Секој кива онакако како што успева да се иконтролира или не успева во тоа… На здравје!