
Паста за заби – пастата е еден од најефикасните препарати за справување со црнките и акните на лицето. Најпрвин нанесете тенок слој на паста врз проблематичниот дел и оставете го да делува 25 минути. Потоа добро измијте го лицето со ладна вода. Повторете ја постапката на секој втор ден.
Домати – тие се природен антисептик кој ги суши акните и ги чисти црнките. Искористете ја пулпата на доматот за да направите третман на лицето, така што ќе ја оставите на делува преку ноќ на кожата. Следното утро измијте се со млака вода.
Лимон – прво измијте го лицето со топла вода. Потоа во еден сад исцедете еден лимон и додадете малку сол. Нанесете ја течноста на проблематичните делови оставете да делува 20 минути. На крај повторно измијте го лицето со топла вода.
Нишесте – направете паста од нишесте и оцет во однос 3:1. Оваа паста нанесете ја акните или црнките и оставете да дејствува од 15 до 30 минути. Отстранете со топла вода.
Јогурт – измешајте три лажици јогурт со две лажици овесна каша. Додадете една лажичка маслиново масло и една лажичка лимонов сок. Смесата оставете ја на соодветното место од лицето во времетраење од 5 до 7 минути, а потоа измијте си ладна вода.
Ориз– потопете ориз во млеко и оставете да стои 5 часа. Следниот чекор е да го ставите оризот заедно со млекото во блендер и да направите паста. Оваа паста може да ја користите како пилинг за лицето, но и за другите делови од телото.
Компири – изрендајте сиров компир и ставете го на проблематичните делови од кожата. По 15 минути измијте ја кожата.
Коријандер – истолчете неколку ливчиња коријандер и додадете малку куркума и малку вода. Добиената паста користете ја како маска за отстранување на црнките.