
Состојки:
- 300g чоколада за готвење
- 50g какао
- 10 јајца
- 300g шеќер
- Лажичка цимет
- 1 ванилин шеќер
- 500g путер
- Шеќер во прав или чоколадна глазура (за фил)
- Слатка павлака или сладолед за декорација
- Јагоди и малини како додаток
Подготовка:
На пареа, на тивок оган растопете го путерот, чоколадото и циметот.
Во посебен сад одвојте ги жолчките и белките. Од белките направете цврст крем, а жолчките изматете ги со шеќерот за да добиете жолт крем.
Оладеното чоколадо истурете го во смесата со жолчки, а потоа постепено додавајте ја пената од белки.
Добиената смеса истурете ја во калап за печење, премачкан со путер и печете на 175 степени половина час.
Откако тортата ќе се олади посипете ја со топено чоколадо, шеќер во прав или цимет. Декорирајте со неколку малини и јагоди, сладолед или шлаг пена.
Ако сакате да бидете креативни, додадете ликер или рум по желба.