Состојки:
- 5 средни јаболка или 600 гр излупени јаболка се рендаат на крупно ренде.
- 900 гр шеќер
- 2 лажичиња сода бикарбона
- 2 филџани зејтин
- 650 гр брашно
Подготовка:
Изренданите јаболка и содата бикарбона се мешаат во пластичен сад со дрвена лажица и се оставаат да стојат 30 минути. За тоа време се промешува 2-3 пати.
На оваа смеса се додава зејтинот, па се меша. Потоа се додаваат брашното и шеќерот и се меша. По желба може да се додаде половина кесичка цимет, ореви и суво грозје.
Добиената смеса се пече во подмачкан плех од шпорет на 1800C, 30 – 40 минути.
Изладената посна торта се сече на коцки и се декорира со шеќер во прав.
На здравје!