Чоколадни еклери

popara2 април, 20141min00
19

Потребни состојки:

Тесто:

– 80 грама брашно
– 40 грама путер
– 2 големи јајца
– 125 милилитри вода
– 10 грама шеќер
– 10 грама какао во прав
– сосема малку сол

Фил:

– 100 грама чоколадо
– 250 милилитри млеко
– 1 лажица брашно
– 30 грама шеќер во прав
– 2 жолчки
– шеќер за шлагот

Подготовка:

1. Вклучете ја рерната на температура од 180 степени Целзиусови. Во тенџере на оган ставете ја водата, додадете го путерот, шеќерот и солта и почекајте да зоврие.

2. Тргнете го тенџерето од оган и во истото додадете го брашното и какаото во прав. Вратете го тенџерето на потивок оган и мешајте го тестото со дрвена лажица се додека истото не се стврдне, околу пет минути. Знак дека сте при кај со подготовката е одвојувањето на тестото од дното на садот.

3. Оставете го тестото да се олади, па додадете ги јајцата, едно по едно, притоа постојано мешајќи. Тавата за печење обложете ја со хартија за печење. Со мала лажица земајте малечки парчиња од тестото и поставете ги на тавата, на соодветно растојание едно од друго. Печете го тестото околу 30 минути, без притоа да ја отворате рерната.

4. Стопете го чоколадото во млеко на тивок оган. Во сад измешајте ги и јајцата, шеќерот и брашното, а потоа, постојано мешајќи, полека додадете го и чоколадното млеко. Оставете го филот да се олади.

5. Откако тестото ќе се излади, секое од парчињата пресечете го на половина, така што да може во средината да се стави од филот, како што е прикажано на сликата. На крајот, секој од еклерите можете да ги украсите со чоколаден прелив, шеќер во прав или шлаг, според вашиот вкус.

На самиот крај, се што ви преостанува е да уживате во вкусниот десерт!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag