Коктел за освежување и опоравување после пијанство

popara2 април, 20141min00
20

Верувале или не, наместо да пиете апчиња за главоболка, вистинското решение за мамурлак е токму познатиот алкохолен пијалак Блади Мери. Постои легенда за овој коктел дека неговата првична примена била токму неговата лековитост.

Состојки:

– 90 мл сок од домати
– 40 мл водка
– 15 мл лимонов сок
– Неколку капки табаско сос
– Бибер
– Сол
– Кора од лимон
– 1 целер

Подготовка:

Во шејкер со мраз ставете ги сите состојки заедно изренданата лимонова кора, а потоа силно протресете го шејкерот се додека состојките убаво не се измешаат. Откако ќе завршите со подготовката, истурете ја содржината од шејкерот во чаша со мраз, притоа внимавајќи мразот ставен во шејкерот да остане во него, а не да падне во чашата. Така подготвениот пијалак можете да го украсете со парче лимон, целер и нане, и секако, на крајот не заборавајте да го зачините со мелен бибер.

“Лекот” против мамурлакот е лесен за подготовка, па така можете да уживате во вкусниот коктел, без никакви проблеми во текот на денот како последица од вашата бурна вечер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag