
Џеј Ерик Оливер од Универзитетот во Чикаго, кој го водел истражувањето, вели дека на луѓето им е полесно да веруваат во теориите на заговор, отколку во комплицираните медицински објаснувања.
„Приказната за епидемиологијата и теориите на веројатност е потешка за разбирање од приказна која гласи ’Ако го внесеш ова во својот организам, ќе ти биде лошо’’’ – објаснува Оливер.
Тој со колегата собрал одговори од анкетата во која учествувале 1.351 возрасни Американци. На испитаниците им биле понудени 6 популарни медицински теории и било побарано да кажат дали некогаш слушнале за нив и дали се согласуваат или не.
Се покажало дека голем дел од учесниците на анкетата веруваат дека американската агенција за шпионажа намерно инфицирала голем број на Афроамериканци со ХИВ. Американската влада, секако, знае дека мобилните телефони предизвикуваат рак, но не прават ништо против тоа, а исто така вообичаените вакцини доведуваат до аутизам кај децата.
Околу 50 посто од испитаниците се согласиле со најмалку една од наведените теории на заговор. Во теоријата за вакцинацијата и аутизмот веруваат 20 отсто.
Истражувачите заклучиле дека луѓето кои веруваат во теориите на заговор почесто ги одбегнуваат традиционалните лекови и се свртуваат кон алтернативната медицина.
“Наместо таквите пациенти да ги сметаат за луди, лекарите треба а бидат свесни за нивните ставови и фактот дека тие веројатно нема да се придржуваат кон припишаната терапија“ – напоменува Оливер.