
Иако црвите секогаш не’ асоцираат на дожд и нечистотија, еден вид на светлечки црви кои го носат името Arachnocampa luminosa имаат „супермоќи“. Овие црви живеат во Ваитомо светлечките пештери во Нов Зеланд.


За време на нивната ларвална фаза, инсектите испуштаат долги парчиња свила и грутки мукус, кои ги заробуваат инсектите кои летаат наоколу. Бидејќи ветерот може лесно да ги заплетка или да ги уништи, овие светлечки црви живеат исклучиво длабоко во дождовните шуми или во непристапни пештери.


Интересно е тоа што овие црви, колку се погладни, толку посилно светат. Во темната пештера, оваа светлина ги привлекува нивните жртви до мрежата од свила, исто како што и светилките ги привлекуваат комарците.


Овие пештери, иако не се познати како голема туристичка атракција во Нов Зеланд, неретко се посетени од најљубопитните љубители на природата, како и од научниците. Ако не сте од оној тип на луѓе кои поднесуваат темнина, влага и инсекти, уживајте во фотографиите од оваа невообичаена креација на природата.

