The Cresta, 5,300 квадратни метри, семејна куќа на три ката во Калифорнија, дизајнирана од Jonathan Segel Architects, пространа и ведра.
Таа има еден кат под земја и два ката над. Поголемиот дел од куќата е од стакло, со поглед на базенот кој поминува околу имотот како канал. Базенот е интегриран во дизајнот на куќата и обезбедува термално ладење во внатрешноста на куќата.
La Muna е реновирана и проширена куќа од претходно рустикалната ски вила во Аспен, Колорадо од страна на “Oppenheim Architecture and Design”
Куќата го црпи максимумот од прекрасниот алпски амбиент, облечена во локалното дрво и камен, појачана со челик и бакар.
Има надворешно џакузи, инсталиран систем за соларна енергија, и огромни панели од стакло кои се управуваат со притискање на копче.
Драматичната куќа во Калифорнија се наоѓа на плажа. Но наместо стандардна куќа на плажа со поглед од едната страна кон морето, архитектонската фирма Johnston Marklee употребиле серија на сводови во куќата со цел да обезбедат поглед кон морето од СЕКОЈА соба во куќата.
Експанзивните погледи кон океанот се видливи дури и од најприватните простории во белата, правоаголна куќа и кривиот свод на истата совршено се вклопува со немирниот океан.
Куќата во Бразил, лежи во бујни зелени тревници опкружена со планините од Петрополис, надвор од Рио де Жанеиро. Bernardes + Jacobsen Arquitetura креирале топографски пристап со цел да се интегритира куќата во нејзиното опколување.
Тие направиле еднокатна куќа со независни блокови, вклучувајќи детска куќа, павиљон за слободно време и куќа за слугинките. На имотот има базен и спа област, има визба и домашно кино. Внатре има камини, внатрешни градини и големи стаклени панели.
Вилата Kogelhof во Холандија дизајнирана од Paul de Ruiter Architects направиле куќата да биде независна, па така таа сама си генерира енергија, сама си загрева вода и го разработува своето ѓубриво.
Составена е од две нивоа: едно под земја и едно лебдејќи анд земјата. Подземната област има влез и паркинг простор, складиште, бања и работна соба. Делот кој лебди во вид на стаклена кутија ги содржи спалните соби, дневната – опремена со парчиња од Le Corbusier и Eileen Grey, кујната и тоалетот. Нејзниот остар изглед ја прави компатибилна со суровата околина.