Џози Меч, 11 годишно девојче се венчала, а до олтарот ја носел нејзиниот татко. Поточно, нејзиниот татко можеби нема да биде жив за да ја однесе до олтарот еден ден кога ќе одлучи да се мажи, но тоа и го овозможува фотографот Линдзи Вилаторо.
Девојчето ќе има незаборавно искуство кое можеби ќе и ја олесни тагата еден ден кога нејзиниот татко повеќе нема да биде со неа.
Нејзиниот татко е болен од рак, па тој и сопругата одлучиле да ја ангажираат Линдзи која пред 2 години на своите тешко болни клиенти им пружила услуга – документирање на нивното патување.
Линдзи осмислила “венчавка“ со цел на девојчето да му овозможи да искуси дел од моментот и да знае какво е чувството кога кон олтарот те води твојот татко. Било мошне емотивно и потесно. Џози била цело време покрај својот татко, во неговата прегратка и плачела. Солзите не можел да ги скрие ни таткото на кој му била исполнета последната желба – да ја однесе својата ќерка до олтар.
httpv://www.youtube.com/watch?v=belgPvUCRiA