Се вратил од оној свет! Пол Мутора е од Кенија и има 42 години, а бил во мртовечница повеќе од 20 часа бидејќи лекарите го прогласиле за мртов.
Мутора се обидел да изврши самоубиство така што испил пестицид. Бил префрлен во болница, но лекарите набрзо заклучиле дека веќе е мртов.
Откако речиси цел ден поминал во мртовечница тој се разбудил и успеал да викне, па болничарите го слушнале и го извадиле.
Болничарот бил ужаснат и шокиран кога видел како мртвиот Пол ги движи рацете и нозете. Се укочил од страв и не бил при себе.
Мутора сеуште се наоѓа во болница, но лекарите веруваат дека ќе се опорави.
httpv://www.youtube.com/watch?v=VmCR4Fky2tI